Микроелектроника

Издавач: Датапонс | Јазик: Македонски | Година: 2011
Оригинален наслов: Microelectronics, 2nd edition | Бр. на страни: 462 | Димензии: 180х255 | Корица: /

Кога е во прашање електрониката, побарувачката расте со намалување на технолошките димензии. Насекаде, од пазарите за индустриска електроника и за електроника за широка потрошувачка, до апликациите за воени и воздушно-вселенски намени, се бара сè поголема функционалност во сè помали склопови. Направена како избор од второто издание на најдобро продаваниот Прирачник по електроника, Микроелектроника, второ издание, претставува резиме на тековната состојба на микроелектрониката и на нејзините иновативни насоки. Оваа книга се фокусира врз материјалите, склоповите и апликациите на микроелектронската технологија. Таа детално го претставува процесот на дизајнирање на интегрирани кола и кола со голем степен на интегрираност, вклучувајќи ги и матриците од порти, програмабилните логички склопови и матрици, доцнењата поради паразитните капацитивности и ефектите на преносна линија. Книгата покрива материјал што се протега од топлинските својства и полуспроводничките материјали до MOSFET-транзисторите, дигиталните логички фамилии, мемориските склопови, микропроцесорите, дигитално-аналогните и аналогно-дигиталните конвертори, дигиталните филтри и технологијата на мултичип-модули. Искусни автори дискутираат редица примени во областите на машинскиот вид, ад хок мрежите, печатачките технологии и магнетните и оптичките системи за складирање на податоци. Книгата вклучува и дефинирање на термините, референтна литература и сугестии за натамошно читање. Ова издание донесува две нови потпоглавја за фундаменталните својства на полуспроводниците и за полуспроводничките елементи. Низ концизно излагање, соодветно на прирачник, оваа книга... • ги дискутира материјалите, елементите и склоповите, како и најсовремените апликации вклучени во микроелектрониката; • обезбедува детали за процесот на дизајнирање на интегрирани кола и на кола со голем степен на интегрираност, како и на матрици од порти; • нуди дополненија во секоја глава за да се отсликаат најновите постигања во соодветните области; • вклучува дефинирање на термините, референтни статии и книги и сугестии за натамошно читање; • донесува две нови потпоглавја за фундаменталните својства на полуспроводниците и за полуспроводничките елементи. Со ажуриран материјал и наведена литература во секоја глава, Микроелектроника, второ издание, е неопходен прирачник за сите што се занимаваат со микроелектроника, електроника, електронски кола и системи, полуспроводници, дизајнирање на логички кола и микропроцесори.

Цена: 1900 ден

9 на залиха

Спореди
Продавач ДАТАПОНС

Report an abuse for product Микроелектроника

Категорија:
ИСБН: 9786082220253

Questions and Answers

You are not logged in