Мотивација, Посредништво и Јавна Политика: на коњи и топови, пиони и кралици

Издавач: Арс ЛАМИНА | Јазик: Македонски | Година: 2010
Оригинален наслов: Motivation, Agency and Public Policy: Of Knights and Knaves, Pawns and Queens | Бр. на страни: 256 | Димензии: 152x235 | Корица: /

Дали може да се потпреме на алтруизмот на експертите или на етосот на лицата од јавните установи и да добиеме здравствени и образовни услуги со добар квалитет? Како треба да се однесуваат пациентите, родителите и учениците – како благодарни приматели на услугата или како нејзини активни корисници? Се подразбира дека одговорите на овие прашања се наоѓаат меѓу страниците на оваа прекрасна книга, напишана од еден од водечките мислители на ова поле, Џулијан ле Гранд, професор по социјална политика при Лондонското училиште за економија.
Дадена е нова перспектива врз дизајнирањето на политиките, со нагласеност на важноста од анализа на мотивацијата на експертите и на останатите што работат во јавниот сектор, нивната способност и способноста на корисниците на јавните услуги за посредништво или за независна акција. Авторот докажува дека е загубена конвенционалната претпоставка за професионалците од јавниот сектор, дека се алтруисти со јавен дух или „коњи“, и се јавува алтернатива која ги прикажува како „топови“ или самобендисани егоисти. Исто така, не смее да претпоставиме дека граѓаните се пасивни приматели на јавните услуги (пиони), туку незаобиколни владетели со неограничен избор врз услугите и врз ресурсите (кралици).

Во ова иновативно издание се употребени детални емпириски прегледи на политиките кај здравствените услуги, образованието, социјалното осигурување и оданочувањето, како би можело да се илустрираат можностите за дизајнирање на политиките што би резултирале во соодветен баланс меѓу мотивацијата и посредништвото. Изнесени се неколку предлози за политички реформи, делумно од самиот автор, а делумно се дадени конкретни реформи во кои учествувал.
Задолжително четиво за сите што се дел од јавните служби или, пак, учествуваат во креирањето на политиките за истите. Воедно, книгата е добредојдена за истражувачите на оваа област.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на
ekonomija@arslamina.com.

 

Рангирано 5 од 5 според 4 рејтинзите на корисниците
(1 оценка на корисник)

Цена: 1450 ден

269 на залиха

Спореди
Продавач Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Мотивација, Посредништво и Јавна Политика: на коњи и топови, пиони и кралици

Категорија:
ИСБН: 978-608-229-110-9

1 оценка за Мотивација, Посредништво и Јавна Политика: на коњи и топови, пиони и кралици

  1. Rated 5 out of 5

    Anonymous (верификуван корисник)

Додади оценка

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in