Мудроста на Конфучиј. Научете да бидете врвен лидер

Издавач: Македоника | Јазик: Македонски | Година: 2020
Оригинален наслов: Confucius` wisdom. Learn to be a world class leader | Бр. на страни: 188 | Димензии: 21 | Корица: мека

„МУДРОСТА НА КОНФУЧИЈ. Научете да бидете врвен лидер“ од Каспер Ших е врвна книга за врвно лидерство, заснована на доблестите на конфучијанската мудра мисла. Оваа поучна книга на едноставен јазик ги објаснува длабоките теории за развој и за управување, засновани на вредностите на „Аналектите“ на Конфучиј, поставувајќи го патот до успехот за секој професионален менаџер и лидер. Д-р Каспер Ших е еден од најуспешните менаџери во светот и стратег на создавањето на еден од „четирите азиски тигри“ во економијата – Тајван. Toj докажува дека „Аналектите“ на Конфучиј (познати и како „Лун Ји“ - објавени исто така од „Македоника литера“) се бесценет водич за менаџирање со една компанија или за владеење со една земја. „Гледиштата на Конфучиј за принципите на односот надреден – подреден се исклучително мудри и далековидни. Тие може да му помогнат на еден лидер како и на една обична личност да води земја, компанија или дури и домаќинство“, пишува д-р Каспер Ших. „Аналектите не само што обезбедуваат пат за успешен личен напредок и пробивање на себеси во општеството, туку и се уште поскапоцени за управувањето. Тие се од суштинска важност за водење на една земја или на еден бизнис и се основата за модерната теорија на управувањето. Аналектите ги истакнуваат слободата, демократијата, правдата, чесноста, љубовта и човечноста со особен акцент на филозофијата на искреност и грижа... Конфучиј рекол: `Владеј доблесно и ќе бидеш како ѕвездата Северница. Таа останува на своето место додека сите други ѕвезди (луѓе, вработени) кружат околу неа`. `Ако ги водиш луѓето доблесно и исправно, тие ќе имаат чувство за срам и интегритет (ќе се управуваат себеси без потреба од управители)`. Овие две едноставни реченици поставуваат пример дека еден лидер би требало да ја постигне и да ја разјасни важноста на корпоративната култура – пишува Ших.

Цена: 300 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Македоника Литера

Report an abuse for product Мудроста на Конфучиј. Научете да бидете врвен лидер

Категории: , ,
ИСБН: 978-608-252-121-3

Questions and Answers

You are not logged in