Мудроста на западот

Издавач: Издавачки центар ТРИ | Јазик: Македонски | Година: 2007
Оригинален наслов: The wisdom of the west | Бр. на страни: 444 | Димензии: 140 x 205 | Корица: /

„Мудроста на Западот“ е книга која би требало да го поттикне секој човек обдарен со интелектуална љубопитност. Оваа историја на филозофијата претставува прв обид да се комбинираат зборот и сликата со цел не само да се овековечат, туку и да се расветлат човековите идеи за светот и за самиот себе. Книгата покрива широк опсег на западната мисла, следејќи го нејзиниот пат од времето пред Сократ, сè до главните трендови на филозофската мисла кон средината на 20 век. Таа ги содржи учењата на големите Атињани, хеленизмот и раното христијанство, средниот век, схоластиката, просветителството и романтизмот, сè до современата филозофија.Овој голем мислител на 20 век, во ова свое капитално, ненадминато дело дава ново проникнување во филозофските концепти, на жив, јасен, возбудлив и разбирлив јазик, кој како стрела допира до свеста на читателот. Прегледот на некои основни прашања за кои расправале филозофите е проследен со дијаграми кои ја соопштуваат истата информација преку геометриска метафора.Повеќе од 2500 години човекот размислува за голем број вечни филозофски прашања,трагајќи по вистината за себе и светот. Она што тој го сфатил во оваа борба со овие недопирливи, нерешливи прашања е всушност, тоа што можеме да го наречеме Мудроста на Западот. Како што рекол и самиот Расел, „единствениот начин да се открие што е филозофија е да се филозофира“.

Цена: 500 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Издавачки центар ТРИ

Report an abuse for product Мудроста на западот

Категорија:
ИСБН: 9989-187-25-4

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Мудроста на западот”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in