Наследувањето во Европа
Автор:
Љиљана Спировиќ - Трпеновска
Издавач:
Блесок |
Јазик:
Македонски |
Година:
2011
Оригинален наслов:
Наследувањето во Европа |
Бр. на страни:
540 |
Димензии:
160x230
|
Корица:
/
Книгата „Наследувањето во Европа“ има за цел да даде сеопфатен преглед на најзначајните карактеристики на наследно-правните системи во Европа, со посебен осврт на наследувањето и наследното право во Република Македонија. Во книгата се разработуваат основните специфичности на законското, тестаменталното и нужното наследување, како и на наследно-правните договори во најзначајните европски законодавства. Авторите го обработуваат феноменот на наследувањето преку согледување на неговиот историскиот развој, преку социолошка и компаративно-правна анализа, како и анализа на судската пракса. Во книгата посебен акцент се става на промените во семејството и неговото правно регулирање и влијанието на тие промени врз наследувањето, а во неа авторите даваат преглед и на процесот на хармонизација на наследното право во земјите на Европската унија. Анализата на развојот на наследувањето и неговото правно регулирање, проучувањето на основните фактори кои влијаат врз наследувањето, како и сеопфатната компаративно-правна анализа се основа од која тргнуваат авторите за предлозите што ги даваат за измени на правното регулирање на наследувањето во Република Македонија.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.