Наука за виното: основи и примена

Издавач: Арс ЛАМИНА | Јазик: Македонски | Година: 2013
Оригинален наслов: Wine Science: Principled and Applications | Бр. на страни: 784 | Димензии: 207х280 | Корица: /

Третото издание на Наука за виното: Основи и примена претставува детален приказ на трите централни принципи на науките за вино: одгледување грозје, производство на вино и оценување вино.

Книгата му ги претставува на читателот најновите достигнувања за актуелните методи за производство на вино во рамка што ја објаснува нивната употреба, како и предностите и недостатоците на алтернативните процедури.

Новите теми вклучени кон ова издание го опфаќаат потеклото на сортите грозје, алтернативите за тапата како затворач, хемиската основа за перцепцијата за вкус и арома и други информации базирани на сетилата.

Направени се значајни обновувања на материјалите на системите за одржување на грозјето, справувањето со болестите и штетниците, подготовката на почвата, употребата на сулфурниот диоксид, производството на ледени вина и бренди, како и на материјалите за напредокот во разбирањето на потеклото на користа од

виното за здравјето. Претставени се информациите за историското потекло на техниките за производство на селектирани вина, различното значење и важноста на винската оксидација, како и винската терминологија.

Цена: 2650 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Наука за виното: основи и примена

Категорија:
ИСБН: 978-608-229-602-9

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Наука за виното: основи и примена”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in