Непобедлив

Издавач: Антолог | Јазик: Македонски | Година: 2019
Оригинален наслов: Niezwyciężony | Бр. на страни: 208 | Димензии: 13x20 | Корица: мека

Вселенскиот брод „Непобедлив“ слетува на планетата Регис III. Задачата на неговиот екипаж е да ги открие причините за исчезнувањето на претходната експедиција од вселенскиот брод близнак „Кондор“, кој слетал и набргу потоа прекинала комуникацијата со него. Научниците почнуваат да ја испитуваат планетата, го пронаоѓаат бродот, но не можат да ги утврдат причините за катастрофалните случувања. Наскоро откриваат и остатоци од нешто што прилега на „град“, а потоа и форма на еволуција на мртвото, т.н. некросфера, за што се претпоставува дека се механизми потомци од одамна исчезнатата цивилизација на Лираните. Во овој култен роман се зборува за средбата со вонземското и за неможноста на човештвото да оствари контакт со непознатото. Исто така, Лем ја преиспитува човековата желба за истражување на космосот и го поставува прашањето што да направи човештвото кога ќе се соочи со својата ограниченост.

Цена: 300 ден

9 на залиха

Спореди
Продавач Антолог

Report an abuse for product Непобедлив

Категорија:
ИСБН: 978-608-243-367-7

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Непобедлив”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in