Нераскажаната приказна за “Квин” : дали е ова вистинскиот живот?

Издавач: КСЦ/Полица | Јазик: Македонски | Година: 2021
Оригинален наслов: The untold story of Queen : Is this the real life? | Бр. на страни: 545 | Димензии: 20 | Корица: мека

Дали е ова вистинскиот живот? навлегува подлабоко во јавната слика на групата „Квин“ и во животите на четири исклучително различни личности, а особено на пејачот Фреди Меркјури.

И покрај смртта на нивниот енергичен водач Фреди Меркјури во 1991 година, бендот „Квин“ остана еден од најомилените рок-бендови на планетава, со триста милиони продадени албуми и голем успех на биографскиот филм за „Квин“ ‒ „Боемска рапсодија“. Сепак, целата приказна за нивниот извонреден подем и за вистините поврзани со енигматичниот Меркјури никогаш не биле откриени.

Новинарот Марк Блејк, автор на најпродаваната биографија на „Пинк Флојд“, се потпрел на своите стари интервјуа со членовите на „Квин“, а потоа направил повеќе од сто интервјуа со нивните продуценти, дискографски куќи, поранешни членови, блиски соработници и школски другари, вклучително и со многу познајници на Фреди Меркјури од раната возраст, со цел да состави комплетна, неверојатна приказна за подемот на бендот од предградијата до статусот на светски суперѕвезди. Книгата Дали е ова вистинскиот живот? првпат опишува на кој начин членовите на револуционерниот бенд станале светски шампиони.

Цена: 500 ден

9 на залиха

Спореди
Продавач КСЦ/ПОЛИЦА

Report an abuse for product Нераскажаната приказна за “Квин” : дали е ова вистинскиот живот?

Категорија:
ИСБН: 978-608-4850-64-9

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Нераскажаната приказна за “Квин” : дали е ова вистинскиот живот?”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in