Нешто лично
Автор:
Кензабуро Ое
Издавач:
Магор |
Јазик:
Македонски |
Година:
2013
Оригинален наслов:
A personal matter |
Бр. на страни:
184 |
Димензии:
135x200
|
Корица:
/
Во својот најважен роман, Нешто лично, нобеловецот Кензабуро Ое ја разработува темата на односот спрема ментално хендикепираното дете. Од почетокот па до крајот на оваа крајно интимна и потресна приказна, протагонистот Птица е соочен со „агонијата од страдања“. Птица сонува за бегство од „кафезот на семејството“, при што постојано копнее да отпатува во Африка, чии карти насекаде ги влечка со себе. Под лупата на нарацијата се ставени токму проникнувањата во тегобните расположенија на Птица, кој едновремено го чувствува бремето од измешани чувства на срам, страв, сомнежи, себеизмама, себеизмачување, себеобвинување. Но и покрај макотрпната, напати апсурдна „внатрешна борба“ на протагонистот Птица, романот на Ое не завршува со ескапизам или нихилизам, туку со еден вид стоицистичко соочување со страдањето и верба во можноста во секоја егзистенција да се пронајде
смисла.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.