Ниту војна, ниту мир
Автор:
Љупка Кочоска
Издавач:
Матица Mакедонска |
Јазик:
Македонски |
Година:
2010
Оригинален наслов:
Ниту војна, ниту мир |
Бр. на страни:
257 |
Димензии:
21
|
Корица:
/
Љупка Кочоска е родена во Тетово. Таа е правник во пензија. Член е на Друштвото на писателите на Македонија. Романот "Ниту војна, ниту мир" е приказна за македонскиот народ во еден временски период. Тој посебен период во меморијата на македонскиот народ ќе остане забележан како време со голема неизвесност, страдање и трауми на современиот човек. Романот "Ниту војна, ниту мир" авторката го напишала во вид на дневник и претставува сведоштво за настаните од воениот конфликт во 2001 година во Македонија. Љупка Кочоска е автор и на романите: Животот повторно се раѓa (1998), Времето на љубовта и омразата (2001), Семејна сага (2004) и збирката раскази Патување низ времето (2009).
Оценки
Сѐ уште нема оценки.