Номадски бакнежи

Издавач: Принт Центар | Јазик: Македонски | Година: 2019
Оригинален наслов: Номадски бакнежи | Бр. на страни: 92 | Димензии: 15 | Корица: тврда

Стихозбирката ,,Номадски бакнежи” е поделена на седум планети (поглавја) кои покрај сопствената оска на ротација, заедно ротираат околу зборот Љубов. Пред секоја планета е поставена една шарена мапа (дигитален колаж) во која е сошиен светот кој живее во нејзините граници. Првата планета Букет нарциси, е машко грло кое ја опева силината на жената . Овој букет стихови е подарок за жените, букет, чиј лиричен мирис се прилепува на срце и ги бодри во улогите со кои се соочуваат во секојдневието. Втората планета Двосмислени, во себе содржи една неодлучност. Останува на читателот да одлучи за судбината на песната. Третата планета Коридори во космосот, со себе влечка куфери полни ѕвездена прашина. Песни во кои љубовта која нема граници се шири заедно со универзумот. Љубов која е бунтовник и истражува она кое е непознато, невидено. Четвртата планета Речиси среќни, ги има вдомено сите оние песни кои рецитираат една љубовна фантазија вежбана милион години. Оваа планета на себе има закрпена насмевка и узреана тага. Петтата планета, По полноќ, е интернационален аеродром на чии писти слетуваат наизменични мотиви, кои најчесто се нашле пред поетското перо ко ненајавени гости во доцните часови. Шестата планета Љубовни рецепти, ги полни носниците со вознес и ја буди гладта во срцето. Во себе содржи музика, која се чита. Седмата планета, Џуџести стихови, има население кое има ограничен број на зборови кои може да ги искористи. Затоа, тие стихови, долги ко воздишка, лесно ќе може да ви се вгнездат во мисловните џебови.

Цена: 250 ден

10 на залиха

Спореди
Продавач КупиКнига

Report an abuse for product Номадски бакнежи

Категорија:
ИСБН: 978-608-245-371-2

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Номадски бакнежи”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in