Очи од сребро, очи од злато

Издавач: Сакам Книги | Јазик: Македонски | Година: 2020
Оригинален наслов: Eyes of silver, eyes of gold | Бр. на страни: 400 | Димензии: 21 | Корица: мека

Ен Велс е срам за своето ладно, културно семејство уште од нејзините детски денови, полни со будалштини и лапсуси кои не ѝ доликуваат на една млада дама. Нејзиното семејство ги обвинува токму тие будалштини за срамниот факт што таа е стара мома на дваесет и осум години. Корд Бенет, син од вториот брак на неговиот татко со Индијанка, исто така е црна овца во своето семејство. Тие се богати ранчери и адвокати кои се срамат, па дури и се плашат од него. Кога ги затекнуваат Ен и Корд заедно сами, бесот на нејзиниот татко кулминира со насилство. А семејството на Корд веднаш е убедено дека вината е негова. Можат ли Ен и Корд да ја искористат неочекуваната слобода што произлегува од обвинението за гревови кои всушност не ги направиле за да изградат живот заедно? Или мешањето и неодобрувањето на нивните семејства сепак ќе ги раздвои? Прекрасна љубовна приказна што ќе ја читате со солзи во очите и кнедла во грлото.

Цена: 490 ден

3 на залиха

Спореди
Продавач Сакам Книги

Report an abuse for product Очи од сребро, очи од злато

Категорија:
ИСБН: 978-608-260-066-6

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Очи од сребро, очи од злато”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in