Од етноцентризам кон хуманизам – доминантните изрази во македонската фолклористика, етнологија и антропологија низ историјата
Автор:
Ана Ашталковска Гајтаноска
Издавач:
Табахон |
Јазик:
Македонски |
Година:
2021
Оригинален наслов:
ОД ЕТНОЦЕНТРИЗАМ КОН ХУМАНИЗАМ доминантните изрази во македонската фолклористика, етнологија и антропологија низ историјата |
Бр. на страни:
253 |
Димензии:
/
|
Корица:
мека
Книгата претставува историски преглед на доминантните изрази во македонската фолклористика, етнологија и антропологија од периодот на социјализмот до денес. Овие три дисциплини кои се занимаваат со истражување на различни аспекти на народната култура низ историјата на нивниот развој, како и заради специфичната дисциплинарна традиција на истражување во рамките на „сопствената култура“ биле подложни на различни идеализации, романтични интерпретации како и етноцентрични изрази кога се работи за македонската народна култура. Од истражувањето произлегува дека етноцентричните изрази биле доминантни долго време, етаблирани во овие дисциплини уште во времето на социјализмот, а за жал и денеска се интензивираат во одредени критични политички околности. Антропологизацијата на дисциплините нуди еден поинаков пристап кон истражувањата кои се спроведуваат во рамките на „сопствената култура“. Есенцијалистичките и примордијалните пристапи кон етничноста се ставаат под прашање и се промовира критичниот однос кон овие чувствителни прашања во македонски контекст.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.