Од устата на китот

Автор: Сјон
Издавач: Антолог | Јазик: Македонски | Година: 2016
Оригинален наслов: Rökkurbýsnir | Бр. на страни: 194 | Димензии: 13x20 | Корица: мека

„Од устата на китот“ е исландска сага за модерната доба. Дејството се случува во 1635 година. Исланд е свет помрачен од суеверие, од сиромаштија и од суровост. Научниците му се восхитуваат на рогот од еднорог, сиромаштијата тајно ја обожава Девицата, а книгите и луѓето завршуваат спалени на клада. Сјон нè запознава со Јонас Палмасон, поет и самоук исцелител, прогонет на пуст остров поради еретичко однесување, каде што се сеќава на својата дарба за лечење „женски болести“, на истерувањето на еден дух на далечниот брег Снјафјол, на лудачкиот масакр на невините баскиски китоловци од страна на локалните селани, како и на смртта на три од неговите деца. Приказната на Палмасон одекнува низ вековите и низ културите, тоа е епска приказна преку која го гледаме светот со други очи.

 

Сјон (1962) е исландски романсиер и поет. Неговите книги се преведени на повеќе од 20 јазици. Како текстописец пишувал за Бјорк. Со неа бил номиниран за Оскар за песните од филмот Танчарка во мракот на Ларс фон Трир. Претседател е на исландскиот ПЕН-центар. За делото Сината лисица ја има добиено книжевната награда на Нордискиот совет, еквивалент на Букеровата награда.

 

„Има некаква чудесна елеганција во овој исландски еп што ги соединува науката, магијата и уметноста“. 

А.С. Бајат


 

Рангирано 4 од 5 според 4 рејтинзите на корисниците
(2 оценки на корисници)

Цена: 250 ден

10 на залиха

Спореди
Продавач Антолог

Report an abuse for product Од устата на китот

Категорија:
ИСБН: 978-608-243-130-7

2 оценки за Од устата на китот

  1. Rated 5 out of 5

    Basho 2007 (верификуван корисник)

  2. Rated 3 out of 5

    Мартин Стојанов (верификуван корисник)

Додади оценка

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in