ОДМАЗДАТА НА ТРОЈА

Издавач: БАТА ПРЕСС | Јазик: Македонски | Година: 2015
Оригинален наслов: / | Бр. на страни: 180 | Димензии: 21X14 | Корица: мека

Султан Мехмед Фатих (Освојувачот) е најголем државник во турската историја. Во нашата историја имаме многу државници кои постигнале големи успеси и победи. Но ниту еден од нив не бил толку сестран државник како султан Мехмет Освојувачот. Освојувачот бил воен командант, државник со добра организација, но воедно и значаен владетел кој што ја штител уметноста и уметниците, кој што ѝ давал важност на филозофијата и слободната мисла и кој што поттикнувал дискусии меѓу интелектуалците.
Османлиската династија се одликува со многу големи команданти, но ниту еден не им придавал толкава важност на науката, филозофијата, уметноста и дискусијата како што им придавал султан Мехмет Освојувачот. Поради тоа, султан Мехмет Освојувачот, кој што е вистински творец на Османлиската Империја, во вистинска смисла е ренесансен владетел.
Најзначајното дело на Освојувачот е освојувањето на Истанбул. Освојувањето на Истанбул е еден од најважните настани во турската историја. На оваа тема многу се зборувало, но многу малку се истражувало. Затоа многу чудни настани останале мистериозни.
Оваа книга, тргнувајќи од академското знаење, е на-пишана на популарен начин. Во Одмаздата на Троја, ќе имате можност да прочитате за многу интересни настани поврзани со султан Мехмед Освојувачот и за неговото освојување на Истанбул. На пример, прашањето на тројанската одмазда, што е инспирација за насловот на
10
оваа книга, за кое постојат многу податоци во западната литература, а во турската, покрај краткиот напис на Стефанос Јерасимос, не постојат други податоци.
Благодарен сум на моите пријатели Чошкун Јилмаз, Ахмет Онал, Фатих Ѓурџан, Угур Демир и Вејсел Гогер за нивната помош при создавањето на оваа книга.

Цена: 290 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач БАТА ПРЕСС

Report an abuse for product ОДМАЗДАТА НА ТРОЈА

Категорија:
ИСБН: 9786084654780

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “ОДМАЗДАТА НА ТРОЈА”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in