Оган
Автор:
Анри Барбис
Издавач:
Арс ЛИБРИС |
Јазик:
Македонски |
Година:
2017
Оригинален наслов:
Le feu |
Бр. на страни:
384 |
Димензии:
20
|
Корица:
мека
„Оган“ е воен, автобиографски роман, настанат врз основа на дневникот што го водел војникот Барбис додека бил на фронтот во 1915 година. Во него е овековечена судбината на 231. пешадиски полк и најкрвавите битки во областите Артоа и Шампањ за време на Првата светска војна. Со „Оган“, Барбис сака да напише ангажирана книжевност, во најпозитивната смисла на зборот: тој ја сведочи воената вистина со непрекинато будна свест за моралната одговорност што ја презема преку тој чин пред настраданите другари и генерациите што доаѓаат. Описите на валканата воена реалност, разорувањето, смртта, гладот, студот, деперсонализацијата, што се насликани живо и речиси фотографски, на Барбис му го донесуваат прекарот „Зола од рововите“.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.