Органска машина
Еден од најголемите недостатоци на современата наука за животната средина е неуспехот да се разбере на кој начин ја спознавал човекот природата низ историјата - преку работата и како таа работа нè вметнува во природата. Во овој научен труд е истражена врската меѓу природната историја на реката Колумбија и историјата на човекот во регионот на тихоокеанскиот северозападен дел. Фокусот е врз нештата што ги спојуваат луѓето и реката: не само физичкиот простор на регионот туку, пред сè, енергијата и работата. Во овој регион реката е една од најважните работи за луѓето. Поради тоа, оваа река се смета и за своевидна органска машина во која се испреплетени конфликтите на човекот и на природата. Од друга страна се наоѓа стремежот за надминување на тие конфликти и неопходноста за нивно соединување.
Ричард Вајт е професор по историја на Универзитетот „Вашингтон“ во Сиетл и добитник на наградите „Алберт Џ.Бевериџ“ и „Западно наследство“.
Авторот создал книга со која настојува да ги отстрани границите и да најде начин за што подобро справување со нашите дилеми. Можеби ќе почнеме да го бараме природното во браните и неприродното во лососите. На крај заклучуваме дека разликите меѓу човечкото и природното постојат само за да преминат преку реката.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на publishing@arslamina.com.
1 оценка за Органска машина
Questions and Answers
You are not logged in
Anonymous (верификуван корисник) –