Османлиите на три континента
Автор:
Илбер Ортајли
Издавач:
Алманах |
Јазик:
Македонски |
Година:
2016
Оригинален наслов:
Üç Kıtada Osmanlılar |
Бр. на страни:
232 |
Димензии:
21x13,5
|
Корица:
мека
По Повторно откривање на Османлиите, Семејството во османлиското општество и Последната империја – Османлиите, сите во издание на „Алманах“, објавуваме уште едно дело на Илбер Ортајли, познатиот турски историчар и еден од најкомпетентните светски истражувачи на историјата на османлиската држава.
Oсманлиската Империја се простирала на три континета и опфаќала многу народи, етнички заедници и припадници на разни религии и секти. Како било можно да се држи под контрола еден таков конгломерат на разнородности? Според одговорот што го дава овој труд, тоа било можно со централизирана управа на чие чело стоел султанот. Неговата волја и заповед се спроведувале преку воениот и бирократски апарат што се пополнувал од јаничарските редови, како и преку оригиналниот и ефикасен даночен систем и локалната управа во која главна улога играл системот на милети.
Овој пат имаме прилика историјата на османлиската држава да ја следиме од самиот нејзин почеток од основањето на малиот беглик во североисточна Анадолија, преку нејзиното молскавично ширење во Азија, на Балканот и во арапскиот свет сѐ до земјите на Магреб во Северна Африка.
Во делото авторот се осврнува и на националното движење во Анадолија на чело со Кемал Ататурк, кое ќе извојува победа во Турско-грчката војна (1919−1922) и ќе стави крај на владеењето на султанот. Како се случило ова, како новата републиканска власт ги протерала од земјата султанот и припадниците на османлиската династија и за многу други непознати детали, дознаваме од оваа книга на Илбер Ортајли.
Questions and Answers
You are not logged in