П.С. ТЕ САКАМ
„Запомни ги нашите прекрасни спомени, но немој да се плашиш да создаваш и нови“... Холи и Гери имаа совршен живот - среќно оженети, живееја во Даблин блиску до своето семејство и пријатели, добро се забавуваа, накратко - светот им беше под нозете. Кога Гери почина, Холи мислеше дека не може да живее без него. Ден пред нејзиниот триесетти роденден, човекот кој и беше љубовник и најдобар пријател ја напушти. Но Гери и ветил дека секогаш ќе биде до неа, оставајќи и пораки, кои Холи ги чита секој месец.
„П.С. Те сакам“ е прв роман на Сесилија Ахерн, кој досега е преведен во 55 земји! Тоа беше најпродаваниот првенец во Ирска и најпродаваниот роман според топ листата на Sunday Times. Набрзо стана бестселер во целиот свет, а на германската топ листа остана цели 52 недели. П.С. Те сакам беше и на листата за награда на IMPAC Dublin Literary Award и за награда на British Book Award.Филмската компанија Warner Brothers ги откупи правата за снимање на филм според овој роман.
Авторката на романот, Сесилија Ахерн, денес живее во Даблин и за нејзиното ремек дело доволно говорат следниве позитивни критики: „Сензационален првенец кој докажува дека вистинската љубов никогаш не умира“ - Cosmopolitan. „Див хумор и тага - сето ова во еден фантастичен роман“ - Cathy Kelly. „Шармантна, топла и духовита приказна на сјајната млада авторка која го слави животот, љубовта и пријателството“ - Express. „Длабоко и животно“ - Irish Independent. „Неодоливо занимлива приказна... топла, духовита и пријатна“ - Evening Echo
4 оценки за П.С. ТЕ САКАМ
Questions and Answers
You are not logged in
Radmila Stefanovska (верификуван корисник) –
Иво Митрушев (верификуван корисник) –
Elena Jolevska (верификуван корисник) –
Goce Armenski (верификуван корисник) –
На секој му треба ангел-чувар. Чувар на срцето, на душата, на спокојот. Токму таков ангел Холи имаше при себе. Ангел подарен од Бога, сродна душа, втора половина…Некои луѓе целиот свој живот го поминуваат барајќи ја својата сродна душа, но тоа не беше случај со Гери и Холи. Нивната неизмерна љубов беше легенда која започна од средношколските денови и траеше се до последниот ден .Холи не можеше да живее без нејзиниот сопруг се до денот кога смртта не ги раздели. Тие беа родени еден за друг. Си ги довршуваа речениците, си ги надополнуваа мислите, со еден збор-беа совршени. Кога Холи се соочи со страшната загуба, беше разочарана и депресивна. Таа се бореше со тоа што ќе прави во животот сега кога нејзината љубов ја нема повеќе. Се трудеше да стане наутро, не ја напушташе куќата воопшто, не комуницираше со никого, не одговараше на повиците на нејзините пријатели и најблиски.Но, еден ден нејзината мајка и соопштува дека пристигнал пакет за неа и дека треба да го подигне. Холи сфаќа дека се работи за писма кои што ги напишал Гери пред да ја напушти.Пакетот е составен од 10 писма. Секое писмо содржи инструкции што да прави кога него ќе го нема повеќе. Дозволено и е да чита само по едно писмо месечно и секое содржи уникатни инструкции. Писмата содржат работи што Холи никогаш не би ги направила да беше жив Гери, но бидејќи тие се последната работа што и преостанаа од Гери, се решава да ги исполни сите неговите последните желби. Иако знае дека него го нема, овие писма се единствената работа што ја одржуваат во живот. Таа мора да продолжи да го живее својот живот.Со помош на писмата, полека почнува да го враќа животот во нормала. Наоѓа работа, среќава нови луѓе, излегува на забави, оди на одмор со своите пријатели, насетува нова романса во нејзиниот живот, нодали ќе успее да соочи со новите предизвици… тоа останува вие да го прочитате во ова неверојатно љубовно дело.