Патот

Издавач: Паблишер | Јазик: Македонски | Година: 2018
Оригинален наслов: / | Бр. на страни: 87 | Димензии: 125/195 | Корица: мека

Тивки, непретенциозни, одмерени, а длабоко прочувствувани иавтентични – такви се стиховите на Виолета Танчева-Златева. Секонцентрираат околу поливалентната метафора на патот, а се разгрануваатво неколку насоки: по патот кон себе, кон другиот и кон љубовта, и ситезаедно „чекорат“ по патот на поезијата, зашто таа е „судена, во дамаритезапишана“. Овие стихови се никнати од еден конкретен животенмикрокосмос, со мирис на перуники од Бориево, со топлина на најубавотоќебе од чеизот, префрлено врз бездомникот на клупата пред зградата воедна скопска населба, со заводливост на приказните на квасецот, солта иводата, натопени со капките меланхолија, што како од свеќа се цедат...Мудроносни, а детски љубопитни; набиени со емоции, но никогаш патетични;соочени со тегобноста на постоењето и „лепливото тесто на ништожноста“,но витално потпрени врз „најверниот пријател – животот“... Стиховите на Танчева-Златева се во духот на македонскатаблажеконескиевска традиција на песни-цреши откинати од дрвото наживотот, обликувани со изострено чувство за строгост, прочистеност наизразот и јазична перфекција.

Цена: 200 ден

4 на залиха

Спореди
Продавач Издавачки центар ТРИ

Report an abuse for product Патот

Категорија:
ИСБН: 978-608-4569-73-2

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Патот”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in