Патот до среќата
Автор:
Л.Рон Хабард
Издавач:
New Era |
Јазик:
Македонски |
Година:
2004
Оригинален наслов:
The Way to Happiness |
Бр. на страни:
236 |
Димензии:
15x23
|
Корица:
мека
Вистинската радост и среќа се скапоцени.
Ако човек не опстанува, ниту радоста ниту
среќата не му се достапни.
Да се обидуваш да опстанеш во хаотично, нечесно
и општо земено неморално општество е тешко.
Секој човек или група тежнеат во животот да доживеат колку
е можно повеќе задоволство, а помалку болка.
Лошите постапки на оние околу вас, можат да бидат закана
за вашиот опстанок.
Вашата среќа може да се претвори во трагедија и тага поради
нечесноста и лошите постапки на другите.
Сигурен сум дека можете да се сетите на примери кога тоа
се случило. Таквите грешки го намалуваат опстанокот и ја
нарушуваат среќата.
Вие сте им важни на другите луѓе. И тие ве слушаат. Вие
можете да влијаете на другите.
Среќата или несреќата на оние кои ги познавате е важна за
вас.
Користејќи ја оваа книга, можете без многу тешкотии да им
помогнете да опстанат и да водат посреќен живот.
Иако никој не може да им гарантира среќа на другите луѓе,
нивните изгледи за опстанок и среќа можат да се подобрат. А со
тоа, ќе се зголемат и вашите изгледи за опстанок и среќа.
Во ваша моќ е да го посочите патот кон побезопасен и
посреќен живот.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.