Песните на Орфеја
Автор:
Хава Коен
Издавач:
Магор |
Јазик:
Македонски |
Година:
2015
Оригинален наслов:
Песните на Орфеја |
Бр. на страни:
90 |
Димензии:
21
|
Корица:
/
Песните на Хава Пинхас Коен добиваат своја особенааура и поинакваинтонација, благодарејќи му на плодотворното присуство, но и на модерната реактуализација на Светото писмо и гласовите на јудаизмот во нив. Станува збор за, помалку или повеќе, препознатливите приказни, симболи и, уште повеќе, теми, неразделно поврзани со историското и исконското искуство, односно прогоствено патешествие на Евреите како библиски народ и, следствено, како древна култура, суштествено (и фатално) обележана од драмата на вечната (о)бездом(е)ност и прогонот од Рајската градина!
Во голема мера, творештвото на Коен е поттикнато и предизвикано од парадоксалната и неизбежна врска, односно заемна упатеност, што владее помеѓу љубовта и смртта, како две интензивни гранични искуства. Тематско-мотивскиот комплекс Ерос-Танатос нагласено ја бои нејзината поезија.
Елизабета Шелева
Оценки
Сѐ уште нема оценки.