Писма

Издавач: ПНВ Публикации | Јазик: Македонски | Година: 2012
Оригинален наслов: / | Бр. на страни: 68 | Димензии: 12 x 18 | Корица: /

Поетската книга „Писма“ на Славица Гаџова е адреса на која пристигнуваат коверти од допирливите светови на ангелското и телесното, адреса од која се испраќаат писма до оние гласови кои го отелотвориле ехото на светското книжевно писмо - Пруст, Кафка, Кортасар, Ниче, Фоулс, Мураками... Поетесата живее под покривот на јазичните, географски и онтолошки меѓупростори и без страв се колеба помеѓу очите свртени навнатре или нанадвор, помеѓу хармоничното или анархичното, со „едната нога во удобен чевел, а другата боса“. Ако љубовта кон живеењето е причина да се пресече папочната врвца со утробата, тогаш живеењето на љубовта е причина да се пронајде папокот на светот, кој ќе ги сведе просторните и јазични оддалечености и отуѓености во една точка, којашто нема да значи завршување на мислата. Славица Гаџова е поетеса со „гласни жици од хартија“ која ја разоткрива темната материја на нашата телесност и отсутност, која слободно може да пишува и вдишува во вакуум-просторите на трајните исчекувања на постоењето.

Никола Маџиров

Цена: 190 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач ПНВ Публикации

Report an abuse for product Писма

Категорија:
ИСБН: 978-608-4641-03-2

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Писма”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in