Планинарење – прирачник – Лето: основи, планинарење, качување, алпинизам

Оригинален наслов: Alpine Skills : Summer, 2021 | Бр. на страни: 400 | Димензии: 21 | Корица: мека

Многу планинари од цел свет го стекнале своето основно техничко знаење проучувајќи ги цртежите во Пецл-каталозите. ФПСМ, во соработка со Меѓународната федерација за планинарење и качување, УИАА (The International Mountaineering and Climbing Federation, UIAA), и со техничка поддршка на Фондацијата „Пецл“, на македонската јавност ѝ го става на располагање прирачникот „Планинарење – Прирачник – Лето“, кој нуди преглед на основните вештини што секој треба да ги совлада за да може да стане компетентен планинар, качувач или алпинист. Во прирачникот ќе прочитате за правилата на добро однесување на планина, како и за најраспространети видови карпи; за интерпретирањето на метеоролошките информации и за користењето на ГПС уред; што е хипотермија и како се води група; за употребата на френдови и чокови и за оценките за качување сува карпа; за летните лавини и како се прави засолниште во снег. И уште многу други интересни теми за планинарење, качување и алпинизам. „И најискусниот планинар, а и оној што смета дека знае сè од областа на планинарењето, качувањето и алпинизмот, по внимателно читање на прирачникот ќе увиди дека има уште многу да научи или да го дополни стекнатото знаење и искуство“, вели Проф. др. Јовица Угриновски. „Во текот на едногодишната работа врз преводот се соочував со многу дилеми, особено при преведувањето на техничките изрази за кои, барем досега, за некои од нив немаше востановени термини во македонскиот јазик. Досегашна практика, особено меѓу качувачите, беше користење на англиски/француски термини кои, во извесна мера, беа помакедончени“, додаде Катица Гароска – Ацевска, која го преведе прирачникот на македонски јазик.

Цена: 1200 ден

3 на залиха

Спореди
Продавач Федерација за планинарство на Северна Македонија (ФПСМ)

Report an abuse for product Планинарење – прирачник – Лето: основи, планинарење, качување, алпинизам

Категории: ,
ИСБН: 978-608-65365-4-1

Федерација за планинарство на Северна Македонија (ФПСМ)

Questions and Answers

You are not logged in