Пловејќи кон Сарантиум

Издавач: ИКОНА | Јазик: Македонски | Година: 2015
Оригинален наслов: Sailing to Sarantium | Бр. на страни: 520 | Димензии: 130x197mm | Корица: тврда

Сарантиум е златен град: светост за верниците, вдахновение за поетите, скапоцен камен на светот и срце на царството. Занаетчијата Гај Крисп прима таинствен повик од царот и тргнува на пат кон тој блескав град. Но, пред да стигне во Сарантиум, и неговите таверни и позлатени светилишта, трки со двоколки и палати, Крисп најпрвин мора да помине низ сурови предели преполни со пагански обреди и смртоносни опасности. Во првиот дел од Сарантинскиот мозаик, Гај Гавриел Кеј ткае неодолива приказна за привлечноста и сплетките на еден величествен град и за луѓето маѓепсани од неговата магија. Кеј во своето најдобро издание. Сарантиум е огромен, раскошен и опасен... Locus ГАЈ ГАВРИЕЛ КЕЈ е роден во Канада. Од 1974 до 1975 година престојува во Оксфорд, каде што му помага на Кристофер Толкин во уредувањето на Силмалирион, чиј автор, таткото на Кристофер, Џ. Р. Р. Толкин, почина во 1973 година. Кеј со своите четиринаесет дела, преведени на повеќе од дваесет и два јазика, ужива углед на водечки романсиер од жанрот на епската фантастика, и редовно се појавува на списоците на најпродавани книги ширум светот.  

Цена: 799 ден

3 на залиха

Спореди
Продавач ИКОНА

Report an abuse for product Пловејќи кон Сарантиум

Категорија:
ИСБН: 9786082213989

Questions and Answers

You are not logged in