Под друга капа

Издавач: Магор | Јазик: Македонски | Година: 2019
Оригинален наслов: Под друга капа | Бр. на страни: 184 | Димензии: 20 см | Корица: /

„Под друга капа“ е роман-авантура и казопат за луѓе изгубени во своето минато. Главниот протагонист, Смарто, e своевиден македонски Кристофер Колумбо, кој – случајно или не – открива еден нов свет што можеби ѝ недостига на секоја земја што сè уште се измачува со својот идентитет. Смарто е новопечен морепловец кого силна бура го исфрла на навидум пуст остров среде Индискиот Океан. Тој и неговиот мал екипаж бидуваат пречекани од необично племе – изгубено или не – во некој друг свет. На тој свет му се туѓи секојдневната борба за престиж, глад за власт, алчност и криминал. На домородците не им треба многу за да го прогласат Смарто за свој крал. Смарто им се препушта на задоволствата на кралскиот живот, но како и секој мудар владетел што се грижи за своите поданици, предадено се обидува да ги „просвети“ и цивилизира островјаните. Откако ќе му паднат в очи знаци на врска меѓу островјаните и најславното минато на македонскиот народ, Смарто се оддава на просветителско-политичка дејност. Бидејќи никогаш не се знае до каде ти допираат националните корени, Смарто е на мисија да го заштити идентитетот и автентичната култура. Ќе успее ли во тоа?

Цена: 350 ден

6 на залиха

Спореди
Продавач Магор

Report an abuse for product Под друга капа

Категории: ,
ИСБН: 978-608-223-626-1

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Под друга капа”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in