Поетскиот дискурс и наставата
Автор:
Ана Витанова Рингачева
Издавач:
Македоника |
Јазик:
Македонски |
Година:
2012
Оригинален наслов:
Поетскиот дискурс и наставата |
Бр. на страни:
144 |
Димензии:
200х140
|
Корица:
/
Предмет на истражување на Ана Витанова Рингачева во овој труд е поезијата и нејзините специфики, особености и различности, со посебен акцент на интерпретацијата на поетскиот текст во наставата по литература во средното образование. Трудот е поделен на три дела, насловени со: 1. Уметноста во сите нејзини форми, 2. Поезијата како акт на комуникација и 3. Наставна интерпретација на поетски текст. На овие три главни структурни елементи на трудот им претходи, секако на почетокот, Воведот, а на крајот следи Заклучокот, како завршен дел, во кој се дадени сумирани резултатите од научно-истражувачката работа, кои пак, како такви би требало да претставуваат основа за идни истражувања од областа на методиката, како можност за унапредување на наставната методологија. Апликативно поставените тези, Ана Витанова Рингачева, ги проверува врз примери од поезијата на Блаже Конески.
Questions and Answers
You are not logged in