Поезија – Фјодор Иванович Тјутчев
Автор:
Фјодор И. Тјутчев
Издавач:
Магор |
Јазик:
Македонски |
Година:
2013
Оригинален наслов:
Волшебная струна стихотворения |
Бр. на страни:
216 |
Димензии:
135x200
|
Корица:
мека
Фјодор Иванович Тјутчев (1803 – 1873 г.) е еден од најголемите руски филозофски лиричари, генијален мајстор на класичниот стих. Во неговата поезија извонредно се амалгамизирани мислата, музикалноста, сликата и емоцијата. Иако неговиот опус не е многу голем по обем, тој се смета за еден од најзначајните во ризницата на целокупната руска поезија. Во неговата поезија се распознаваат „две лири“: поезијата на денот, која звучи радосно и ѕвонливо, маѓепсува со својата чиста, воздушна музикалност, и ноќната поезија на хаосот, која грми со татнежи, пеејќи ѝ химни на беспочетната бездна. И кај Тјутчев, како кај Пушкин, доминираат умствената и чувствената јасност, конкретната дефинираност на поетскиот предмет со неговиот хармоничен, светол и звучен облик што сугерира оптимизам и животна радост. Во секоја негова песна се чувствуваат потезите на моќен филозофски лиричар, кој поетскиот предмет го набљудува однатре и го доведува во врска со општата хармонија и судбина на светот и космосот. Тјутчев го опишуваат како романтичарски класик, но тој е поет за сите времиња и секогаш ќе биде модерен.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.