Поезија-избор

Издавач: Конгресен Сервисен Центар | Јазик: Македонски | Година: 2013
Оригинален наслов: / | Бр. на страни: 234 | Димензии: 20 cm | Корица: /

/Во лириката на Тагоре, љубовната поезија го зазема централното место. Љубовта за која најубаво пее Тагоре има широк спектар на простирање: тоа е љубов кон жената, кон природата, кон земјата, кон татковината и, воопшто, кон животот и животната радост, така што љубовта кај Тагоре поминува низ сите скалила на своето манифестирање за, конечно, во неговите највозвишени стихови да се пројави како универзална, космичка љубов. Во овој избор од неговата љубовна лирика се претставени сите архетипски состојби на љубовта кон саканото суштество: љубовниот вознес, тивката среќа, радоста, разделбата, тагувањето, но љубовта се открива и во нејзината метафизичка димензија, кога љубовното битие копнее да трансцендира во други сфери на постоењето отаде реалноста:

„Дојди, о дојди на моето езеро, ако сакаш да потонеш во својата смрт“.

Поетскиот јазик и поетската мисла на Тагоре се напојуваат од фолклорната традиција на индиската лирска и епска поезија и од делата на англиските романтичари, но Тагоре во својата, пред сè, возвишена и химнична лирика, која напати има и библиска интонација, внесува и многу елементи од модерното сфаќање на поетската слика, во која возвишеното и приземното, светото и световното се неразделно поврзани.

Цена: 248 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач КСЦ/ПОЛИЦА

Report an abuse for product Поезија-избор

Категорија:
ИСБН: 9786084694724

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Поезија-избор”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in