Поезија-небо
Автор:
Кристина Николовска
Издавач:
Македоника |
Јазик:
Македонски |
Година:
2012
Оригинален наслов:
Поезија-небо : книга за поезијата на Славе Ѓ. Димоски |
Бр. на страни:
145 |
Димензии:
200х140
|
Корица:
/
Книгата на Кристина Николовска „Поезија – небо“ е есеистичко-аналитичен труд посветен на поезијата на Славе Ѓорго Димоски. Таа е резултат на долгогодишното проучување и следење на Николовска на поезијата на овој македонски автор. Како што најавува авторката во воведната белешка, книгата „е дом на разговори со поетот, но и: студии, поетизирани есеи, критики, рецензии и анализи, воскренати од творечкото поетско небо“, односно дека „целата книга е можен разговор со поезијата“.Книгата на Кристина Николовска содржи пет „нивоа“, насловени како „Разговорница“ (разговор со поетот, каде тој раскошно се отвора за најсуптилните поетички прашања), „Поезија-небо“, „Осветлувања“, „Растолкувања“ и „Песни-океа¬ни“. Вака заокружена книгата „Поезија небо“ на Николовска, не претставува само есеистичка книга, туку своевиден монографски портрет на еден македонски автор, што претставува ново творечко искуство кај нас.
Questions and Answers
You are not logged in