Политички теории (антика)
Автор:
Светомир Шкариќ
Издавач:
КУЛТУРА |
Јазик:
Македонски |
Година:
2010
Оригинален наслов:
/ |
Бр. на страни:
506 |
Димензии:
0x0
|
Корица:
мека
Првото издание од книгата "Политички теории - антика" од 2006 година е исцрпено пред една година. Во меѓувреме, авторите подготвија второ издание, врз основа на ревизија на првото издание и увидот во поновата литература. Станува збор за второ изменето и дополнето издание, со редакциско подобрување на текстот. Второво издание ја следи концепцијата и структурата на првото издание, со помали измени. "Политички теории - антика" претставува дело на кое авторите работат подолго време. Во него се опфатени и предавањата што тие ги држеле и што ги држат подолго од една деценија на студентите на политичките студии при Правниот факултет "Јустинијан Први" во Скопје, почнувајќи од првата генерација на запишани политолози (1993/1994). Станува збор за два автономни пристапи кон политичките теории и за два погледи, кои меѓусебно се испреплетуваат, создавајќи една хармонична целост, со препознатливи гласови и нијанси во мислењето на авторите.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.