Прагматика: Јазик и комуникација

Издавач: Арс ЛИБРИС | Јазик: Македонски | Година: 2020
Оригинален наслов: Прагматика: Јазик и комуникација | Бр. на страни: 240 | Димензии: 25 | Корица: /

Прагматиката е релативно нова научна дисциплина која го проучува јазикот од гледна точка на неговите корисници. Запознавањето со прагматиката го продлабочува разбирањето за природата на комуникацијата и ја подига свесноста за начините на користењето на јазикот. Поимите и темите обработени во оваа книга се актуелни и се постапно и јасно претставени, а се користат примери од автентични ситуации во македонската средина. Затоа оваа книга, која е прва и засега единствена од ваков вид во македонската наука, нуди можност да дознаеме повеќе за нашата култура и менталитет, но и за начините на комуникација во нашето општество. Книгата е наменета и за стручната и за пошироката јавност. Особено е корисна за студентите кои студираат јазици и други хуманистички дисциплини, но е соодветна за читање и за сите што се интересираат за јазикот и комуникацијата. Таа може да најде широка примена: на лингвистите ќе им помогне да ги определат рамките на нивните прагматички истражувања, а на обичните читатели ќе им појасни зошто некои работи ги кажуваме така како што ги кажуваме.

Цена: 350 ден

20 на залиха

Спореди
Продавач Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Прагматика: Јазик и комуникација

Категорија:
ИСБН: 978-608-259-890-1

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Прагматика: Јазик и комуникација”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in