Предности во термалната и нетермалната заштита на храната

Издавач: Арс ЛАМИНА | Јазик: Македонски | Година: 2010
Оригинален наслов: Advances in thermal and nonthermal food preservation | Бр. на страни: 288 | Димензии: 175x255 | Корица: /

Оваа книга им е посветена на сите професори, инженери, истражувачи и претприемници што се занимаваат со храна, како и на сите студенти што сакаат да ги доведат своите знаења на повисоко ниво.
Уредници на ова прекрасно издание се:
д-р Горав Тевари
, извршен директор и претседател на
Tewari De-Ox Systems од Сан Антонио, Тексас. Тој е успешен научник и индустријалец инволвиран во комерцијализацијата на неговите системи за пакување храна во глобалната месна индустрија. Има работено во повеќе истражувачки центри и неколку универзитети како експерт за пакување месо.
Д-р Виџеј К. Џунеџа
е раководител на микробиолозите и главен научник во Источниот регионален центар за истражување од Виндмур, Пенсилванија, кој работи како дел од Службата за истражување во земјоделството при Министерството за земјоделство на САД.
Во текстот се понудени точни, дефинитивни и фактични материјали напишани од експерти за различни топлински и нетоплински технологии за заштита на храната. Акцентирајќи ја деактивацијата на микроорганизмите преку користењето на традиционалните и понови техники, како и нивната деактивацијата со комбинирање на традиционалните и новите техники, во поглавјата на оваа книга се покриени следниве теми:

-          топлински техники за заштита на храната

-          минимално топлинско процесирање

-          нетоплински техники за заштита на храната

Многу од опишаните техники се, всушност, техники што практично се користат во фабриките за процесирање на храна низ целиот свет. Посебен акцент е ставен на комерцијалните аспекти од техниките за неконвенционална заштита на храната. И покрај тоа што имаме неколку книги што покриваат различни аспекти од микробиологијата на храна, досега ниту една книга не го разработила процесот на микробиолошко деактивирање потенцирајќи ги трендовите и комерцијализацијата кај новите техники за заштита и процесирање на храната.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на
publishing@arslamina.com.

 

Рангирано 5 од 5 според 4 рејтинзите на корисниците
(1 оценка на корисник)

Цена: 1600 ден

50 на залиха

Спореди
Продавач Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Предности во термалната и нетермалната заштита на храната

Категорија:
ИСБН: 978-608-229-135-2

1 оценка за Предности во термалната и нетермалната заштита на храната

  1. Rated 5 out of 5

    Anonymous (верификуван корисник)

Додади оценка

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in