Принципи на геотехничко инженерство

Издавач: Арс ЛАМИНА | Јазик: Македонски | Година: 2011
Оригинален наслов: Principles of Geotechnical Engineering | Бр. на страни: 680 | Димензии: 170x235 | Корица: тврда

Ова издание е јубилејно и со него се одбележува 25-годишнина од првото издавање на книгата. Како и во претходните изданија и во ова се нуди преглед на особините на почвата, поткрепен со практични теренски примери и со основните инженерски практики, без притоа да се менува главната философија, според која бил напишан првобитниот текст. Во 18 поглавија се опфатени следниве теми: историскиот равој на геотехниката, потеклото на почвата и нејзиниот гранулометриски состав, тежинско-волуменските односи, пластичноста и структурата на почвата, класификацијата на почвите, збивањето на почвата, водопропустливоста, филтрацијата, теренските напрегања, напрегањата во почвената маса, стисливоста, јакоста на свлекување, страничниот притисок, стабилноста на наклоните, носивоста на почвата за плитки темели, облогите и геосинтетичките материјали за депонии. Браја М.Дас е декан на Факултетот за инженерство и за компјутерски науки при Државниот универзитет во Калифорнија. Неговиот придонес во инженерството се отсликува во неговите поцеќе од 200 објавени стручни трудови. Самиот јубилеј од 25 години е доволен доказ за квалитетот и за бараноста на оваа книга која постојано се надградува и усовршува. Сé што треба да знаете од областа на геотехниката се наоѓа на едно место. За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на arhitektura@arslamina.com.

 

Рангирано 5 од 5 според 4 рејтинзите на корисниците
(1 оценка на корисник)

Цена: 2990 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Принципи на геотехничко инженерство

Категорија:
ИСБН: 978-608-229-070-6

1 оценка за Принципи на геотехничко инженерство

  1. Rated 5 out of 5

    Anonymous (верификуван корисник)

Додади оценка

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in