Прирачник за американската технологија

Издавач: Арс ЛАМИНА | Јазик: Македонски | Година: 2012
Оригинален наслов: A Companion to American Technology | Бр. на страни: 472 | Димензии: 165x235 | Корица: /

Ова е пионерска колекција на оригинални есеи во кои се анализира феноменот наречен „технологија“. Дваесет и еден водечки научник ги истражувале важните карактеристики на американската технологија, вклучително и развојот на автомобилската индустрија, телевизијата и компјутерите. Од друга страна, истражени се начините на кои се применуваат технологиите во инженерството, медицината, земјоделството и во владините институции. Направена е уште една интересна анализа за тоа како технологијата влијае врз луѓето од гледна точка на раса, пол и на класа.
Самата историја на технологијата, како самостојно академско поле, не е стара ниту еден век. Таа рапидно се развива во годините по „Спутник“, кога Американците забрзано ја равиваа технологијата за преземање водство пред советската технологија. Со ова дело се прави еден пресек на тој технолошки развој.
Уредник на ова издание е Керол Парсел, професор и шеф на Катедрата за историја при Универзитетот „Кејс вестерн резерв“. Покрај ова издание, тој го има уредено и „Технологијата во САД: Историја на поединците и на идеите“ (1990). Автор е на „Белата жештина: Луѓето и технологијата“ (1994) и на „Машините во САД: Општествена историја на технологијата“ (1995).
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на
publishing@arslamina.com.

 

Рангирано 5 од 5 според 4 рејтинзите на корисниците
(1 оценка на корисник)

Цена: 1450 ден

50 на залиха

Спореди
Продавач Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Прирачник за американската технологија

Категорија:
ИСБН: 978-608-229-018-8

1 оценка за Прирачник за американската технологија

  1. Rated 5 out of 5

    Anonymous (верификуван корисник)

Додади оценка

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in