Прирачник за површинска метрологија

Издавач: Арс ЛАМИНА | Јазик: Македонски | Година: 2009
Оригинален наслов: Handbook of surface metrology | Бр. на страни: 854 | Димензии: 210x295 | Корица: /

Во оваа нова ера на технолошки прогрес, структурите и машините ретко се „расипуваат“, но може да се изабат, да кородираат или да се случи нешто што ќе ја попречи нивната функција. Овие напрегања на површината од материјалите секогаш се тесно поврзани со структурата и со својствата на површинскиот слој, но што, всушност, ние знаеме за вистинската природа на површините. Експерименталните методи, инструментите што притоа се употребуваат и спектарот на аналитички методи, кои ни се познати денес, се основата на оваа добредојдена книга.
Во овој прирачник се опфатени голем број теми, но професорот Дејвид Џ. Вајтхаус (Оддел за инженерство при Универзитетот „Варвик“, Обединето Кралство), користејќи го своето огромно искуство и експертиза, успева да ги разработи сите одделно со поврзување на концептите и на теоријата со практика. Подмачкувањето, како една од темите, се издвојува пред останатите со својот придонес кон инженерскиот напредок.
На читателот му станува јасно дека проблемите поврзани со подмачувањето и со површинската метрологија мора да се разгледуваат заеднички. Подмачкувањето многу зависи од неправилностите на површинскиот слој што се подмачкува. И не само подмачкувањето туку и многу други процеси и функции се зависни од природата и од својствата на површините.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на
publishing@arslamina.com.

 

Рангирано 5 од 5 според 4 рејтинзите на корисниците
(1 оценка на корисник)

Цена: 3900 ден

23 на залиха

Спореди
Продавач Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Прирачник за површинска метрологија

Категорија:
ИСБН: 978-608-4535-33-1

1 оценка за Прирачник за површинска метрологија

  1. Rated 5 out of 5

    Anonymous (верификуван корисник)

Додади оценка

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in