Прирачник за злоупотреба на дрога и алкохол: Биомедицински аспекти
Автори на ова издание се:
Проф. д-р Гал Вингер, истражувач од областа на фармакологијата при Универзитетот во Мичиген (САД).
Проф. д-р Џејмс Х. Вудс, професор по фармакологија при Универзитетот во Мичиген (САД).
Проф. д-р Фредерик Г. Хофман (покоен), почесен професор по фармакологија при Универзитетот „Колумбија“ (САД).
Некои работи при злоупотребата на дрога не се променети: субјективните и физичките ефекти од различни дроги што се злоупотребуваат, ефектите при откажување од овие дроги, интересниот хемиски состав на неколку класи од злоупотребуваните дроги, историјата на употреба на алкохол и на дрога. Фредерик Хофман опфатил неколку од овие непроменливи теми во претходните изданија и бидејќи немало начин да се подобри неговото класично објаснување останатите двајца автори ги задржуваат тие делови поради што и неговото име е наведено како автор на ова издание.
Овој детален текст за фармаколошките, медицинските и за законските аспекти за злоупотреба на дрогите е темелно обновен со комплетно нова глава, која се однесува на клупските дроги. Делот што се однесува за медицинските ефекти е целосно ревитализиран со фокус на инфекциите што се појавуваат при интравенозна злоупотреба на дрогите. Исто така, обновен е и делот за злоупотребувачите на дроги, како и делот за законската регулатива на меѓународно ниво. За секој тип дрога авторите дискутираат одделно во поглед на историјата и на културата на употребата, начинот на употреба, субјективните и физиолошките ефекти, фармаколошкото дејство и токсичните ефекти. Исто така, се дискутира и за епидемиолошките аспекти како и за можностите за примена на фармаколошки третмани.
Овој прирачник може да се користи како четиво или како додаток за студенти и за професори од повисоко ниво на дипломски студии или на додипломски на фармакологија или на студии за аспектите на однесување при употреба на дрога. Понатаму, се користи како извор на информации за студентите по медицина и за лекарите што имаат пациенти што злоупотребуваат дрога, како ресурс за советници и за терапевти при работа со нивните клиенти што ја злоупотребуваат дрогата. Крајно, прирачникот е добредојдено четиво и за сите што се љубопитни и заинтересирани за истражување на зависностите од дрога и од алкохол.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на medicina@arslamina.com.
1 оценка за Прирачник за злоупотреба на дрога и алкохол: Биомедицински аспекти
Questions and Answers
You are not logged in
Anonymous (верификуван корисник) –