Привлекување на инвеститори: маркетинг-пристап за наоѓање средства за вашиот бизнис
Автор:
Филип Котлер
Издавач:
Издавачки центар ТРИ |
Јазик:
Македонски |
Година:
2012
Оригинален наслов:
/ |
Бр. на страни:
205 |
Димензии:
15х22
|
Корица:
/
Дознајте како да ги придобиете банките и потенцијалните инвеститори
Ако сте претприемач во потрага по своите први инвеститори, сопственик на бизнис или директор за финансии што бара нов извор на капитал, морате да им ја промовирате вашата компанија на инвеститорите. Во оваа книга, реномираниот експерт во областа на маркетингот и авторот на бестселери, Филип Котлер, заедно со маркетинг-консултантот, Херман Картајаја и професорот на Институтот ИНСЕАД С. Дејвид Јанг, им дава основни упатства за барање на капитал на луѓето што разбираат дека зголемувањето на капиталот е во голема мера претворено од финансиска во маркетинг-функција.
Прецизното одредување на вашиот иден инвеститор и успешното нагласување на силните страни на вашиот бизнис, се одлучувачките фактори кои се потребни за да успеете во вашите бизнис амбиции. Од финансирање, до земање пари на заем и емитување на акции, Привлекување на инвеститори ви покажува како да се промовирате себеси и вашиот бизнис за да ги зголемите вашите фондови, и ви објаснува зошто маркетингот е од клучна важност за успешно зголемување на капиталот.
Оваа опсежна книга ќе биде незаменлива при основањето на мали претпријатија, како и за реномираните компании што бараат нови извори на фондови. Играта со капиталот е сменета, а Привлекување на инвеститори е вашиот прирачник за новите правила.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.