Пробај љубов ти да скриеш

Издавач: Антолог | Јазик: Македонски | Година: 2015
Оригинален наслов: / | Бр. на страни: 86 | Димензии: 12x20 | Корица: /

Збирка со песни за возрасните читатели, која веќе по којзнае кој пат ја потврдува, покажува и докажува сестраноста на овој изразито плоден македонски писател, со 119 досега објавени авторски публикации, во кои се содржани негови оригинални  поетски, прозни и драмски дела.             Песните вклучени во оваа прекрасно обликувана книга се пишувани во еден подолг временски период: како ретроспектива на поетските записи на авторот, бележени уште од далечната 1963 година до ден-денешен. Инспирирани се од различни теми, но, очебијно и впечатливо е сознанието дека од  нив, на еден или на друг начин, избива и избликнува Љубовта. Љубовта кон татковината, Љубовта кон најблиските, кон семејството, кон уметноста, кон природата, кон сè она што го следело како размисла, преокупација или стварност. Сите тие китки, заедно, се испреплетуваат и формираат еден прекрасен венец, кој авторот овој пат го положува пред олтарот на неговите светињи.              Оти, јасно е: Љубовта не може да се скрие...
Рангирано 5 од 5 според 4 рејтинзите на корисниците

Цена: 200 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Антолог

Report an abuse for product Пробај љубов ти да скриеш

Категорија:
ИСБН: 978-608-243-109-3

Questions and Answers

You are not logged in