Проект менаџмент во Градежништвото

Издавач: Арс ЛАМИНА | Јазик: Македонски | Година: 2010
Оригинален наслов: Civil engineering project management | Бр. на страни: 296 | Димензии: 130x204 | Корица: /

Во оваа книга се дадени неопходните мерки што треба да се преземат како би имале задоволително менаџирање на проектите во градежништвото. Тие мерки опфаќаат:

-          концепти и процедури за работа

-          видови договори што се во употреба и нивни одредби

-          барања во поглед на подготвување договори, спецификации и количини

-          тендерски постапки и процедури за добивање тендер

-          организација на градилиште и должности на персоналот

-          начни за контролирање на работата и водење евиденција

-          основни технички тестирања на самото место и процедури

-          мерење, плаќање, промени и рекламации

Со купувањето на ова издание, всушност, добивате во владение еден практичен водич за проект-менаџмент на градилиште што е од непроценливо значење, пред сé, за инженерите што работат на терен, но претставува и незаобиколна литература и за апсолвентите и за студентите што сакаат да имаат професионални квалификации. Текстот е напишан од гледна точка на проект-инженер, со сите негови одговорности, овластувања и задолженија. Дадени се најновите промени во менаџерската практика и новите форми на договори.
Алан К. Творт
е поранешен консултант на „Binnie&Partners“, одговорен за многу нивни проекти, меѓу кои и поправка и реконструкција на неколку брани.
Џ. Гордон Рис
е поранешен менаџер на одделот за договори во „Binnie& Partners“, а подоцна и во „
Black&Veatch. Во моментов е независен консултант и акредитиран судија за градежните договори ICE и FIDIC.
Долгогодишното искуство во водењето проекти им дава на авторите за право да предложат решенија за инженерите во практика, кои се од голема помош во нивните секојдневни активности. Секој инженер на градилиште треба да ја има оваа книга, особено ако има допир со меѓународни градежни проекти.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на
arhitektura@arslamina.com.

 

Рангирано 5 од 5 според 4 рејтинзите на корисниците
(1 оценка на корисник)

Цена: 990 ден

48 на залиха

Спореди
Продавач Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Проект менаџмент во Градежништвото

Категорија:
ИСБН: 978-608-229-105-5

1 оценка за Проект менаџмент во Градежништвото

  1. Rated 5 out of 5

    Anonymous (верификуван корисник)

Додади оценка

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in