Просветлени посвети
Автор:
Ирена Павлова де Одорико
Издавач:
Датапонс |
Јазик:
Македонски |
Година:
2018
Оригинален наслов:
Просветлени посвети |
Бр. на страни:
76 |
Димензии:
135х205
|
Корица:
тврда
Во лирскиот профил на Ирена Павлова де Одорико се хармонизирани: суптилната младешка непомирливост со стварноста во која живееме и целосната предаденост на метафизичките и асоцијативните пунктови од лирската перцепција. Поезијата од оваа книга е среде вриежот и среде врвежот на современиот збркан свет на различности, на непомирливи недоразбирања, на пригушени сентименти и потиснати страсти, светот накривен кон бездната на недогледната хаотичност. И токму во тој многуаголен интерегнум, таа успева да и најде пат на чистата љубов, на онаа што боли, кине и раскинува, на љубовта која се губи во времето, во просторот, во предметите, во сликите кои ги носи секоја нова минутка на нишалото од животот. Сите песни од книгата "Просветлени посвети" се содадени во атмосфера на спонтаност - преку насладите, преку чемерите од загубите, преку неповторливата суптилност на нејзиното поетско семе што се распрснува одавде и отаде, премрежијата и најбурните и најбравурозните доживувања на нејзината млада телесност и душа. Ниту една од овие песни не е со празен, книшки или изнуден рефлексивен одек - сите се пронижани од студенопламнат рефлексивен оган и од боцкава внатрешна наеженост зачинета со мирис на божевно проштевање и ангелска помирливост.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.