Психополитика

Издавач: Мартина | Јазик: македонски | Година: 2013
Оригинален наслов: Psychopoliticks | Бр. на страни: 128 | Димензии: 14 x 11,5 см | Корица: /

Психополитика е книга покриена со велот на тајноста, книга на која не и се знае вистинскиот автор, единствено се знае дека е напишана во дваесетите или во триесетите години од минатиот век за потребите на Комунистичката партија на СССР.
Со сигурност може да кажеме дека од книгата Психополитика биле обучувани и Македонци, како офицери на поранешната ЈНА во периодот пред Информбирото. Тие посетувале обука во тогашниот СССР, но за време на обуката строго им било забрането да ги запишуваат предавањата. Требало само да запомнат што повеќе.
Постојат многу приказни за тоа како книгата Психополитика стигнала на Запад, но тие очигледно добро ја сработиле домашната задача.
Почитувани читатели, кога ќе ја читате книгата Психополитика ќе ви стане јасно зошто во Македонија имаме толку тројански магариња, велам магариња затоа што не заслужуваат да ги наречам коњи. Зошто во Македонија имаме вакви политичари, вакви унирвезитетски професори, вакви новинари; зошто поранешниот премиер, на странска телевизија, јавно говори против својот народ и својата држава; зошто ги имаме Сорос, Транспарентност, Хелскиншкиот комитет и безброј други невладини организации; зошто имаме ваква и една цела политичка партија; зошто не тераат да ја прифатиме најголемната европска вредност, парадата на гордоста.
Во книгата Психополитика ќе ги согледате вистинските цели и намери на ’западната демонократија’, ќе ги видите лажните европски вредности, нивните неморални двојни стандарди.
Добра земјо, лажат и упорно продолжуваат да лажат, само лаги, невистини или полувистини – ’европски вредности’.
Не господо не ги сакаме ’европските вредности’, не сакаме членство во Европската унија. Нејзината демонократија не е ништо друго туку рушење на христијанските вредности. Европска унија – пирамидална штедилница во која Германија го собира кајмакот на врвот, а сите други, порано или подоцна, банкротираат.
Ќе не расипете, европски господа, ќе ја уништите човечноста во нас, опасно е да се дружиме со вас!    

Цена: 190 ден

Спореди
Продавач Мартина

Report an abuse for product Психополитика

Категорија:
ИСБН: 978-608-4626-31-2

Questions and Answers

You are not logged in