Раѓањето на огнот

Издавач: Сакам Книги | Јазик: Македонски | Година: 2011
Оригинален наслов: Catching fire | Бр. на страни: 354 | Димензии: 21x14 | Корица: мека

Наспроти сите напори и желби на Капитол да ја видат мртва, Кетнис е победник на 74-тите Игри на гладните, заедно со Пита, момчето од нејзиниот реон во кое сите веруваат дека таа е лудо заљубена. Иако по победата таа има сè што би можела да посака - куќа во специјален дел од реонот за победниците на Игрите, повеќе од доволно храна за нејзиното семејство и популарност во целата држава, по посетата од самиот претседател на Панем, Кетнис не може да ужива во сето тоа. На таканаречената “Победничка турнеја“ таа мора да ги убеди жителите на сите реони дека навистина е лудо вљубена во Пита, не оставајќи воопшто простор за сомнеж за да нема катастрофални последици. Таа сфаќа дека нејзиниот потег во Игрите за да го спаси Пита и самата себе си од сигурна смрт доведува до подигнување на востание во одредени реони. Пред да биде свесна за тоа, Кетнис станува предмет на голем интерес и восхит помеѓу повеќето жители на реоните. Таа е искрата која им дава надеж дека црниот живот кој го знаат би можел да заврши кога сите би биле храбри и би се спротивставиле како што направи таа за време на Игрите. Но, претседателот знае дека единствениот начин за востанието да згасне пред да излезе од границите на нормалното е им покаже на „гладните“ дека дури и најсилните меѓу нив не можат да ја надминат моќта на Капитол... „Раѓањето на огнот“ претставува мост што ја носи приказната од нејзиниот проблематичен почеток до насилен и драматичен крај. Завршува интересно и го остава читателот во неизвесност и желба да дојде до последниот дел од серијата ВЕДНАШ! Според Џон Грин, критичар на Њујорк Тајмс ова е брилијантно смислена и перфектно темпирана книга. Верувам дека и вие би се согласиле со него кога ќе ја прочитате!
Рангирано 5.00 од 5 според 5 рејтинзите на корисниците
(5 оценки на корисници)

Цена: 400 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Сакам Книги

Report an abuse for product Раѓањето на огнот

Категорија:
ИСБН: 978-608-65234-6-6

5 оценки за Раѓањето на огнот

  1. Rated 5 out of 5

    Anonymous (верификуван корисник)

  2. Rated 5 out of 5

    bojana milenkovska (верификуван корисник)

  3. Rated 5 out of 5

    Anonymous (верификуван корисник)

  4. Rated 5 out of 5

    ЦВЕТАНКА ЃОРЃИЕВА (верификуван корисник)

  5. Rated 5 out of 5

    biskovski18@gmail.com

    Брилијантно осмислено продолжение со возбудливи настани, сторија за човечката злоба, храброста, волјата за живот и силата на љубовта

Додади оценка

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in