Раскази

Издавач: КУЛТУРА | Јазик: Македонски | Година: 2001
Оригинален наслов: Dei Frauen ; Nachlss zu Lebzeiten ; Gesammelte werke | Бр. на страни: 27 | Димензии: 0x0 | Корица: мека

Роберт Музил се смета за еден од најзначајните автори од германското јазично подрачје во првата половина на XX век. Во своите дела тој ги разгледува клучните прашања на епохата во која живеел, но темите со кои бил преокупиран и денес се актуелни, па секогаш одново го побудуваат интересот за овој писател.

На прв поглед се чини дека расказите на Музил се наоѓаат во сенка на неговиот opus magnum Човек без својства. Меѓутоа, тие никако не треба да се третираат како второстепени дела, туку да се согледуваат како нераздвоен сегмент на неговото целокупно прозно творештво. Кога станува збор за расказот, Музил во повеќе наврати ја изразил својата одбивност спрема традиционалните облици на раскажување, зашто за него не е битно да се прикаже тоа што е, туку тоа што би можело да биде. Прикажувањето на можните вистини и можните доживувања како сè уште неродени стварности ја сочинуваат суштината на Музиловата поетика наречена свесна утопија.

Музил го разбира човекот како сума на можности, како потенцијален човек или како човек без јасно одредени својства. Неговите доживувања се наоѓаат на границите на можното и нив ги карактеризираат како чувствителноста така и рационалноста и мистичните и екстатичните одлики, кои обединети го сочинуваат клучниот сегмент на неговата поетика наречена друга состојба.

Метафорите и споредбите се стилските средства што Музил ги претпочита, заедно со префинетите ирониски контрапункти и поетските слики. Поетската слика што служи како средство за компарација се реализира на двострано рамниште: и преку буквалното значење и преку пренесеното значење, та нивното двослојно разбирање доведува до појава на повеќезначност и прелевање. На тој начин се разбива еднозначноста, фиксираноста за едно единствено конкретно значење и се трага по можните значења.

Цена: 120 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Култура

Report an abuse for product Раскази

Категорија:
ИСБН: 978-9989-32-232-5

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Раскази”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in