Рефлексии

Издавач: Бегемот | Јазик: Македонски | Година: 2023
Оригинален наслов: Рефлексии | Бр. на страни: 144 | Димензии: 205x205 | Корица: мека

Согледувањето и следењето на клучните дела, авторски потфати, тенденции и проблеми на современата македонска културна и уметничка сцена денес е незамисливо без неуморниот ангажман на Тони Димков, кој како новинар во културата работи уште од 1990 година, а незамисливо е да се проследи значаен културен настан без негово присуство, редовно засведочено со рецензија, осврт или разговор со авторите. Последниве неколку години преку саботното издание на прилогот за култура „Културен печат“ во дневниот весник „Слободен печат“ македонските читатели редовно добиваат детален и исцрпен увид во клучните случувања од доменот на сите уметности, а како особено драгоцени се издвојуваат интервјуата што Тони Димков ги води со стожерните протагонисти на културниот живот.

Книгата „Рефлексии“ е сочинета од 32 текстови, од кои 20 се интервјуа, а 12 се пообемни разговори со академици и научници, поети и писатели, актери, режисери и продуценти, сликари, оперски пејачи и инструменталисти. Ако имаме предвид дека Тони Димков во последните три години има реализирано над 150 интервјуа и уште толку разговори, тогаш веднаш се наметнува констатацијата дека книгата „Рефлексии“ ни нуди строг избор на авторот на интервјуа што тој се определил да оформат нова компактна целина, во која има и големо разноличие на темите, но и голем број нишки преку кои меѓусебно се надоврзуваат разговорите, кои, на тој начин, оформуваат еден конгломерат на битни рефлексии за современата македонска култура.
Проф. д-р Владимир Мартиновски

Цена: 350 ден

20 на залиха

Спореди
Продавач Бегемот

Report an abuse for product Рефлексии

Категорија:
ИСБН: 978-608-4869-87-0

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Рефлексии”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in