Регулирање на економијата на јавни услуги

Издавач: Арс ЛАМИНА | Јазик: Македонски | Година: 2011
Оригинален наслов: The Economics of Public Utility Regulation | Бр. на страни: 312 | Димензии: 150x230 | Корица: /

Автори на ова издание се Мајкл А. Кру, професор по економија на Факултетот за менаџмент при Универзитетот „Рутгерс“ и Пол Р. Клејндорфер, професор по економија и техники за одлучување при Универзитетот во Пелсилванија. Нивната мотивација за создавање на овој текст потекнува од големите настани што се случиле во САД кон крајот на 70-тите и во текот на 80-тите години од минатиот век. Со нуклеарната несреќа од 1979 година на островот Три Милји што ја потресе регулативата за електрична енергија, корпоративното отуѓување на локалните компании од „Американ телефон и телеграф“ во 1984 година и со укинувањето на Одборот за цивилно воздухопловство во 1985 година, авиокомпаниите беа целосно ослободени од контрола.
Во почетниот дел авторите се занимаваат со важни прашања од теоријата и од политиката за регулирање на јавните услуги. Применета е економска теорија за да се обезбеди аналитичка основа за оценка на политиките. Понатаму се објаснува основниот модел за максимално оптоварени цени, создаден од Ботекс и од Стајнер, а подоцна доразвиен од Хиршлифер и од Вилијамсон. Еден дел од книгата се однесува на нивното истражување во поглед на потеклото и на функционалноста на регулирањето во САД, особено во делот на монополите. И за крај се анализираат неколку конкретни области кои се регулирани од страна на државата: електричната енергија, телекомуникациите, природниот гас и водоснабдувањето.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на
ekonomija@arslamina.com.

 

Рангирано 5 од 5 според 4 рејтинзите на корисниците
(1 оценка на корисник)

Цена: 1390 ден

50 на залиха

Спореди
Продавач Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Регулирање на економијата на јавни услуги

Категорија:
ИСБН: 978-608-229-077-5

1 оценка за Регулирање на економијата на јавни услуги

  1. Rated 5 out of 5

    Anonymous (верификуван корисник)

Додади оценка

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in