Роналдо: Опсесија за совршенство

Издавач: Арс ЛИБРИС | Јазик: Македонски | Година: 2014
Оригинален наслов: Ronaldo: The Obsession for Perfection | Бр. на страни: 256 | Димензии: 205x145 | Корица: /

Роден е пред 29 години во мало португалско гратче, во семејство на обична готвачка и општински градинар, а денес важи за едно од најпрепознатливите лица на планетата. Независно дали од љубов или омраза, од восхит или од интерес, – веќе цела деценија, глобалните медиуми го следат секој чекор на Кристијано Роналдо. 

Па, сепак, деталната истрага на Лука Кајоли ќе ве убеди дека има толку многу нешта што сè уште не сте ги откриле за него. На пример, дали сте знаеле дека Кристијано го добил своето второ име бидејќи татко му бил обожавател на претседателот на САД, Роналд Реган? Или дека на првиот училиштен час во Лисабон му се заканувал со столица на професорот? Или дека имал срцеви проблеми и на 15 години за малку ќе престанел да игра фудбал? Или дека по трансферот од Спортинг на Островот, не сакал да го носи бројот 7? Дека е стрелец на илјадиттиот гол на Манчестер јунајтед во Премиер лигата? А уште не сме почнале...

Кристијано Роналдо: Опсесија за совршенство е досега најкомплетната биографија за фудбалската супер-ѕвезда. За прв пат објавена пред две години, во ова последно издание, таа е темелно надградена со сите информации заклучно со минатата година, а ги содржи и најбитни новини за тековната, штотуку завршена 2013-2014 сезона.

Цена: 300 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Роналдо: Опсесија за совршенство

Категорија:
ИСБН: 978-608-229-706-4

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Роналдо: Опсесија за совршенство”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in