Рурален развој: Ставајќи го последното прво

Издавач: Арс ЛАМИНА | Јазик: Македонски | Година: 2012
Оригинален наслов: Rural Development: Putting the last first | Бр. на страни: 256 | Димензии: 145x207 | Корица: /

Ова е предизвикувачка книга за сите што се заинтересирани за руралниот развој како, на пример, практичари, студенти, истражувачи, социјолози, невладини и хуманитарни организации.
Роберт Чемберс
е член на Институтот за развојни науки при Универзитетот „Сасекс“, со големо практично и истражувачко искуство во областа на руралниот развој. Има работено во Кенија, Боцвана, Шри Ланка и во Индија.
Тој, ова свое дело го започнува со една бескомпромисна изјава: „Вознемирувачки се екстремите на руралната сиромаштија во земјите од третиот свет“. Главна тема што је обработува авторот се аутсајдерите. Притоа, потенцира дека оние што не се сиромашни и не живеат во земјите од третиот свет често не ја забележуваат или, пак, погрешно ја разбираат руралната сиромаштија. Тој тврди дека ретко кога знаењето на руралното население е навистина вреднувано. Освен материјалното и социјалното, постои духовното, кое во овие рурални средини е прилично развиено. Од читателот се бара да не ги занемарува доказите, идеите и тврдењата во оваа книга, туку да ги прифати или да ги негира.
Книгата е составена на начин што ќе им одговара и на оние што читаат од почеток до крај, како и на оние што читаат со прескокнување. Кратките содржини со кои почнува секое поглавје дава брз преглед за сето она што се зборува во содржината од поглавјето. За крај ќе го цитираме прашањето на еден сиромашен човек од Бангладеш, кој беше еден од интервјуираните: „Господине, зошто толку многу пишувате за сиромашните луѓе? Нив и Господ не ги сака, па како тогаш вашето пишување би помогнало?“. Навистина обесхрабувачко прашање, на кое нема одговор. Можеби читателот на оваа книга ќе го пронајде одговорот што го бараме сите ние.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на
ekonomija@arslamina.com.

 

Рангирано 5 од 5 според 4 рејтинзите на корисниците
(1 оценка на корисник)

Цена: 990 ден

50 на залиха

Спореди
Продавач Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Рурален развој: Ставајќи го последното прво

Категорија:
ИСБН: 978-608-229-281-6

1 оценка за Рурален развој: Ставајќи го последното прво

  1. Rated 5 out of 5

    Anonymous (верификуван корисник)

Додади оценка

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in