Сеќавање на Вавилон / Дејвид Малуф

Издавач: Макавеј | Јазик: Македонски | Година: 2013
Оригинален наслов: Remembering Babylon / David Malouf | Бр. на страни: 181 | Димензии: А5, 21cm | Корица: мека

Со овој роман, Дејвид Малуф својствено ја активира темата за колонизацијата и доселувањата преку оригиналната творечка претстава за континуитетот на колективната и личната историја, надградена и дообјаснета со феномените на смислата за хибридниот идентитет. Интересно е што кај овој автор не се интензивира тензијата со која отсекогаш се придвижувала империјалната култура, но затоа, пак, творечки се сугерира да се активира процесот на постколонијалното преиспитување како постмодернистички пристап на современото гледање. Токму и со ваквите творечки вредности постигнати во романот „Сеќавање на Вавилон“, Дејвид Малуф стекна широка светска писателска слава и многу признанија, при што доживеа и преводни приопштувања во повеќе светски книжевни средини.

Со преведувањето на современ македонски јазик на романот „Сеќавање на Вавилон“ претставата за творештвото на Дејвид Малуф ќе се оформи со пошироки стручни и читателски хоризонти.

Сеќавање на Вавилон / Дејвид Малуф ; [превод од англиски јазик Николина Утковска ; поговор Илија Велев ; корица Кочо Фиданоски]

Цена: 441 ден

5 на залиха

Спореди
Продавач Макавеј

Report an abuse for product Сеќавање на Вавилон / Дејвид Малуф

Категорија:
ИСБН: 978-608-205-216-8

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Сеќавање на Вавилон / Дејвид Малуф”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in