СЕНИШТЕТО НА ОСМАНЛИИТЕ
Автор:
Ерхан Афјонџу
Издавач:
БАТА ПРЕСС |
Јазик:
Македонски |
Година:
2015
Оригинален наслов:
/ |
Бр. на страни:
234 |
Димензии:
210 mm x 135 mm
|
Корица:
мека
Историјата на балканските простори што сме ја изучувале досега со потценување гледала на сознанијата, фактите, архивите и тезите на турските историчари, а со тоа се потценувала и сопствената историја.
Во делото Сеништето на Османлиите од современиот турски историчар Ерхан Афјонџу на многу аргументиран, но и прифатлив, јасен начин се презентирани историски настани од Османлиската Империја, како и за нејзините односи со европските држави и Русија. Делото со големо уважување се однесува кон познатите европски државници, интелектуалци, научници и војсководци. Авторот во ова дело на многу јасен начин расчистува и некои заблуди на турската историографија.
Вниманието на нашиот читател секако ќе го привлече и судбината на Истанбул (Стамбол, Цариград, Константинопол), како центар од кој долго време пред Османлиите, а и потоа – кон Балканот, а со тоа и кон Македонија, зрачеле државата, верата, политиката, науката, за што во најскоро време ќе објавиме и посебна книга од истиот автор.
Се разбира дека како и во другите дела објавени во едицијата Дијалог, не очекуваме во научната и пошироката јавност овие дела да бидат прифатени како единствени вистини за историјата на Османлиската Империја, туку да бидат уште еден поттик сеопфатно да се истражат значајните историски настани кои можат силно да повлијаат на сознанијата за нашето поблиско и подалечно минато.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.